Ахмети на средба со Хан: Европскиот фронт како итна потреба за надминување на пречките во интеграцискиот пат и спроведувањето на уставните измени

Фото: ДУИ

Лидерот на ДУИ – Али Ахмети, денеска остварил средба со европскиот комесар за буџет и администрација – Јоханес Хан, соопштија од партијата.

Како што информираат од ДУИ, Ахмети и Хан разговарале за скрининг процесот, евроинтеграциите, реформите во администрацијата, уставните измени, состојбите во регионот, како и за дијалогот меѓу Косово и Србија.

Скрининг процесот се развива според прогнозите, а реформите се континуиран процес, велат од ДУИ.

Ахмети зборувал и за Европскиот фронт како итна потреба за надминување на пречките во интеграцискиот пат и спроведувањето на уставните измени, додавајќи дека политичките партии треба да ги надминат личните интереси и да се фокусираат на иднината на државата и животот на граѓаните.

Прочитајте и:  Зајкова: Одложеното дејство на уставните измени да биде единствена натпартиска државна позиција

Комесарот Хан, наведуваат од ДУИ, безрезервно ги поддржува реформските и евроинтеграциските напори на нашата земја.

Соговорниците разговарале и за дијалогот меѓу Косово и Србија, апелирајќи земјите да се држат до договорот постигнат во Охрид до финализирање на целосниот договор со взаемно признавање.

- Реклама -