Ахмети ги покани лидерите на албанските партии на средба, за Заев тоа е притисок врз него за позицијата премиер

Лидерот на ДУИ – Али Ахмети, ги покани лидерите на политичките партии од албанскиот блок на заедничка средба планирана да се одржи на 13 август – денот на потпишувањето на охридскиот Рамковен договор во 2001 година.

Поканата на Ахмети до Африм Гаши од Алтернатива, Билал Касами од БЕСА, Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Мендух Тачи од ДПА, доаѓа во период кога се преговара за формирање на новото парламентарно мнозинство и добивање на мандатот за Влада.

Според лидерот на СДСМ – Зоран Заев, тоа не е случајно. Во изјава за „ТВ21“, тој оценува дека целта на средбата е за да се изврши притисок врз него и коалицијата „Можеме“ за премиер по предлог на ДУИ.

Заев додаде дека е прерано да се каже дали евентуалниот договор меѓу партиите од албанскиот политички блок, кој би се постигнал на средбата, би влијаел врз формирање на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

- Реклама -