Ахмети и Бектеши „на пат кон легендарното Липково“ (на отворање на спомен кулата на УЧК)

„На пат кон легендарното Липково“, напиша на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши, објавувајќи фотографија во друштво на лидерот на ДУИ – Али Ахмети, и кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари.

Како што веќе беше објавено, денешниот ден (2 мај) ДУИ го слави како Ден на бранителите и по тој повод денеска свечено ќе ја открие спомен кулата во чест на борците од УЧК во Слупчане, за чија изградба Општина Липково потроши околу 200.000 евра.

Инаку, изградбата на меморијални споменици е регулирана со закон и одлуката за поставување на споменик ја носи Собранието. Како што изјавија експерти од областа на заштитата на културното наследство за „Сител“, со подигнување на спомен култата во Слупчане прекршен е законот за меморијални споменици и спомен обележја.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

- Реклама -