Агресивноста на патот е заразна

Агресивното однесување на поединци на патот е заразно и влијае на другите возачи и останатите учесници во сообраќајот, тврди истражувањето на Goodyear и Лондонската школа за економија и политички науки (LSE).

Резултатите од истражувањето, кое опфаќа 9.000 возачи од 15 европски држави, покажува дека однесувањето на патот активира компактен ефект. Кажано поинаку, ако возиш агресивно, останатите учесници во сообраќајот ќе го следат вашиот пример. Истото важи и ако возите внимателно. Дури 87% од испитаниците возачи се согласуваат дека внимателното возење на еден возач може да ги натера да се усогласат со друг возач подоцна за време на своето патување. Близу 55% од испитаниците, пак признаваат дека кога се иритирани или испровоцирани на патот можат да го пренесат на друг возач подоцна за време на патувањето.


Еден гест на добрина или агресија може да ослободи еден синџир на настани, кои може да создадат мирна и побезбедна или стресна и опасна средина за возачите, тврдат експертите.


„Настрана факторите како климатските услови или замор, возачите околу нас создаваат услови, на кои ние реагираме за време на целото патување“, изјави доктор Крис Тенент, раководител на проектот во Лондонската школа за економија. „При договарање возачите често го применуваат принципот на реципроцитет. Сепак, бидејќи голем дел од интеракциите се минливи, реципроцитет често е индиректен, односно нашиот одговор се манифестира на друг возач подоцна за време на нашето патување.“


Гледаните видео материјали од интеракциите меѓу возачи на патот, речиси 90% од испитаниците признаваат дека гестовите на благодарност се важни. Во интервјуата возачите потенцираат дека кога еден возач ќе пропушти да им се заблагодари, се склони да реагираат агресивно при следната интеракција. Во исто време во интервјуата возачите признаваат дека дури тие самите понекогаш се однесуваат на овој начин, обично ненамерно, предизвикувајќи спирала од негативни реакции.

„Патот ретко се гледа како социјална средина, особено средина во која има место за добри манири. Всушност нашето истражување на безбедноста покажува дека многу возачи ги разгледуваат автомобилите на другите возачи како анонимни машини, а не како возила со човечко суштество внатре“, вели Оливие Русо, потпретседател на Goodyear. „Ги повикуваме возачите да воочат колку силно се рефлектира нивното однесување врз однесувањето на другите. Нашето истражување покажува дека агресивното однесување спрема друг возач може да понуди синџир од реакции меѓу возачите, предизвикувајќи опасна ситуација, дури инцидент подоцна откако провокаторите продолжиле. Од сите нас зависи да запре ефектот на возбудата на патот “.

Истражувањето е направено во Белгија, Чешка, Германија, Франција, Италија, Холандија, Полска, Романија, Русија, Шведска, Турција, Словенија, Шпанија, Обединетото Кралство и Австрија.

Автоплус

- Реклама -