Агелер: Од критична важност е да се смири дијалогот меѓу Скопје и Софија

Од критична важност е да се смират разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија и лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално, порача амбасадоркатата на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, во интервју за „Телма“.

Сепак, таа потенцираше дека не смета дека ескалацијата на дијалогот треба да го запре или одложи напредокот на земјава кон Европската Унија.

„Луѓето во државата секој ден можат да ги видат тие конфликти и ескалацијата кај дел од дијалогот што ја сведочиме помеѓу оние во Софија и овие овде. Мислам дека е од критична важност тие разговори да се смират, лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално за тоа кој е патот напред, во врска со некои од овие проблеми кои ги видовме помеѓу различни индивидуи и заедници. Тоа е од критична важност. Но, дали тоа треба да го запре, или дури и да го одложи напредокот кон ЕУ? Не мислам дека треба“, рече Агелер.

Таа го поздрави чекорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој отиде во Софија и разговараше со тамошното Министерство за надворешни работи и со други лидери, за тоа како да се поддржат малцинските заедници во овде во Македонија и како двете држави да постигнат напредок во надминувањето на било какви точки на притисок помеѓу двете влади.

Извор: МИА

- Реклама -