Зачинете го Денот на вљубените со јадења кои ќе ве загреат и во вас ќе ги разбудат заспиените страсти. Афродизијаците отсекогаш биле омилени помеѓу љубовните парови.
Зачинете го Денот на вљубените со јадења кои ќе ве загреат и во вас ќе ги разбудат заспиените страсти. Афродизијаците отсекогаш биле омилени помеѓу љубовните парови.
Чоколадата е најпопуларна и на сите достапна "љубовна храна". Нејзините афродизијачки својства ги познавале уште старите Ацтеки. Меѓу помалку познатите афродизијаци се шпарглите, ротквичките, но и лукот. Од неодамна и кафето се вбројува во оваа група на продуки. Но најценетата храна на љубовниците се кавијарот, школки, јастог и други плодови на морето. Во комбинација со вотка кавијарот е посебно моќен и предизвикува вистински огномет од страсти. Меѓутоа, не мора да подготвувате специјални јадења, туку на обичната храна или десерти додадете им зачини кои го загреваат организмот и будат страсти.
Цимет
Со благ вкус и познат по тоа што го јакне срцето и ја враќа силата на организмот. Неговиот ароматичен мирис и вкус буди слика на младешка љубов.
Клинче
Тоа е всушност исушено семе на зимзелено дрво кое расте во топлите краеви на светот. Неговиот сензуален мирис му дава на јадењето посебна арома.
Ѓумбир
Еден од најпознатите зачини од Истокот кој на храната и дава силен, пикантен вкус. Може да се користи свеж или исушен и сомелен.
Морско оревче
Мрсниот оревест плод на азиската билка има силна арома и затоа се употребува во мали количини.
Кардамом
Индиска билка со ароматични семки. Најдобро е семките да се употребуваат цели бидејќи мелениот кардамом бргу ја губи аромата. Во Азија го додаваат и во кафе.