Адеми: „Ако Џафери во странство зборуваше на англиски, ќе го прекршеше ли Уставот?“

ДУИ нема да ја поддржи интерпелацијата на претседателот на Собранието – Талат Џафери, која ја поднесоа Левица и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи целите на подносителите се дневнополитички, изјави шефот на пратеничката група на „интегративците“ – Арбер Адеми, пренесува „МКД.мк“.

На директното прашање дали сепак смета дека Џафери го прекршил Уставот со тоа што на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан” се обрати на албански, а не на македонски јазик, Адеми „одговори“ со контра-прашање:

„Доколку претседателот на Собранието Талат Џафери во странство зборуваше на англиски јазик, дали би го прекршил Уставот? Ако зборуваше на англиски јазик никој ништо овде немаше да каже. Сега, бидејќи зборувал на албански јазик, изгледа како тоа некому тоа да му пречи, а всушност и не му пречи, туку само бара дневно-политички поени”.

Прочитајте и:  ВРЕДИ: ДУИ ги држеше Албанците како заложници со договори на дело, ние ќе ги решиме сите неправди кон нив
- Реклама -