Медиумите шпекулираат дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е приведен во САД, но неговиот портпарол ги негира ваквите стории.
Медиумите од Русија пренесуваат дека милијардерот Роман Абрамович бил приведен од Федералното биро за истраги (ФБИ).
Портпаролот на Абрамович потврди дека сопственикот на Челзи е на бизнис патување во САД, но негираше дека е приведен.
„Нема вистина во сториите” – рече портпаролот. „Тој е во САД, но не е затворен, ниту пак приведен”.
ФБИ во овој момент одбива да ги коментира сториите.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.