Анчелоти: Го видовме вистинскиот Герет Бејл

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти има само пофалби за Герет Бејл кој синоќа постигна два гола и имаше две асистенции во победата над Севиља од 7-3.

Најскапиот светски фудбалер синоќа го имаше својот прв старт во дресот на Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу и не му требаше многу време да ја импресионира публиката.

Бејл беше критикуван за досегашните перформанси, но Велшанецот со одлична игра, два погодоци и две асистенции ги замолкна критичарите.

„Вечерва сите го видоа вистинскиот Герет” – изјави Анчелоти по натпреварот.

„Тој одигра навистина добро, покажа фантастични вештини. Потребно е време за да се адаптира, но неопходна беше ваква партија. Сега нема проблми со повреда и има се поголема самодоверба, ќе биде многу значаен играч за нас”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -