„А1он“ одговори на дилемата зошто мобилниот на Боки 13 го нема меѓу запленетите предмети во претресот

„А1он“, се чини, го има одговорот на прашањето на „Канал 5“ за тоа дали воопшто е одземен мобилниот на Боки 13, со оглед дека сега кога е јасно дека мобилните на Јанева не се од голема помош, неговиот може да се покаже како клучен за случајот „Рекет“.

„Канал 5“ ја покрена дилемата врз основа на официјалното соопштение на Обвинителството од 16 јули, во кое меѓу одземените доказни материјали и предмети од домот на првоосомничениот не се споменува мобилен телефон, иако кај второосомничениот тоа е категорично истакнато. Дилемата ја подгреа и ригидниот одговор што „Канал 5“ го добила од Обвинителството – дека одземено е само тоа што е наведено во соопштението.

Со оглед дека случајот „Рекет“ и истрагата на Обвинителството засега препуштаат бројни неодговорени прашања на фантазијата, но и скепсата на јавноста, разбирливо е кога во потрагата по вистината се занемаруваат малите логични и прилично очигледни детали. А таков е, барем според информацијата од „А1он“, и одговорот на дилемата покрената од „Канал 5“. Имено, како што објави „А1он“, повикувајќи се на свои извори во Обвинителството, телефонот на Боки 13 е дефинитивно одземен, и тоа уште при неговото апсење.

- Реклама -