За вечерните излегувања, работните состаноци, па дури и дневните вешто искомбинирани варијанти, црниот фустан секогаш е пристоен избор.
Никогаш нема да згрешите ако се одлучите за малиот црн фустан. ОткакоКоко Шанел го лансира во самиот врв на женските „евергрин“ модни трендови, а Диор го прогласи за есенцијално парче од гардероберот на секоја жена, црниот фустан стана најдоброто решение за сите прилики,а особено за оние кога не знаете што да облечете.