Кога е во прашање совршена венчаница, за вкусовите не може да се расправа. Но кога 3 000 жени ќе ги спојат идеите во една креација тогаш го добиваме фустанот од соништата.
„Brides Magazine“ спроведе анкета во која жените требало детално да ја опишат нивната венчаница од соништата почнувајќи од материјалот, преку должината па се до обликот на деколтето.
Крајниот резултат од идеите на 3 000 жени во реалност го претворил британскиот дизајнер Стефани Алин. Станува збор за фустан со тесен крој, освежен со Swarovski кристали. Оваа венчаница ги спојува традицијата и трендовите, има срцевидно деколте, а целата е украсена со романтична чипка.
Совршениот невестински фустан чини вртоглави 15 000 фунти или милион денари.