Да, добро прочитавте, најверојатно Google целосно ќе ги отстрани СМС пораките на новите Android уреди или барем таа политика ќе важи за сите смартфони откако ќе направат надградба со новиот софтвер.
Но, пред да се исплашите дека повеќе нема да може да се допишувате и да испраќате пораки треба да знаете дека целта на Google е да го искористи својот сервис за комуницирање Hangouts во кој се вклучени бесплатни пораки, но тој функционира како чет, а некако SMS сервис.
Според основачот на Android Police Артем Русаковски, кој во последно време открива најнови информации, Google ќе ја направи оваа промена со наредната надградба на оперативниот систем Android 4.4 KitKat и сигурно ќе ги изнервира операторите кои ќе изгубат голем дел од профитот за испраќање на СМС пораки.
Од друга страна пак оваа идеја и не е така лоша, потребно е само сервисот Hangouts да биде компатибилен со сите мобилни платформи како iOs, BlackBerry и Windows со што ќе имаме можност за бесплатно допишување.
Втората пречка која ќе треба да ја надмине Google е да ги направи пораките достапни за обичните телефони, како и за тие кои немаат инсталирано Hangouts, што во овој момент изгледа невозможно, па затоа и оваа протечена информација земете ја со блага резерва.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk