Vertu Constellation – Најскапиот телефон на светот

Како што во автомобилската индустрија има ексклузивни модели на автомобили кои се произведуваат во ограничена серија, така и Vertu во светот на мобилните телефони се обидува да наметне елитна серија на уреди кои се продаваат по безобразно високи цени.

vertu

Најновиот нивни производ е мобилниот Vertu Constellation кој ќе се продава по неверојатна цена од 6.600 долари. Се работи за мобилен телефон обложен со кожа со избор на црна, кафена, портокалова и црвена боја.

vertu constellation-touch

Vertu Constellation работи на оперативниот систем Android 4.2, додека пак неговите хардверски компоненти се премногу скромни за така висока сума. Има 4.3 инчен екран со резолуција од 720p, дво-јадрен процесор Snapdragon S4 SoC со брзина од 1.7GHz, 13 мегапикселна камера се наоѓа на задната страна со двоен LED блиц, додека машината ја напојува батерија со капацитет од 1,800mAh.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -