Конечна пресуда: Жените се полоши возачи

Пред 2 години, авто-школа од Сарагоса, за машките ученици, понудила неограничен пакет од часови за возење, за фиксна цена од 665 евра. Истиот пакет бил достапен и за жените, но по цена повисока за 200 евра.

Школата во своја одбрана тврдела дека на жените-ученици им се потребни, во просек, по 5 дополнителни лекции за возење, за разлика од нивните машки колеги.

CENI

Аргументот не придонел кон стишување на поплавата од жалби до државниот адвокат за потрошувачки права, што придонело до тоа школата да биде казнета со 4.000 евра, за сексуална дискриминација.

Авто-школата ја обжалила казната на суд, каде што неделава, судијата Хавиер Албар ја отфрлил казната и пресудил во полза на дискриминацијата, врз основа дека жените се, без сомнеж, полоши возачи од мажите.

Judge

Судијата, во својата одлука, цитирал статистики од Директоратот за сообраќај на Шпанија, што, според него, докажуваат дека секоја година, мажите покажале многу подобри возачки способности од „понежните“ учеснички во сообраќајот.

Локалното друштво за заштита на женските права најавува дека ќе се бори против ваквата пресуда со петиција до Уставниот суд.

- Реклама -