Google Nexus 10 II ќе има Full HD резолуција

Во завршна фаза е изработката на новиот таблет на Google со големина од 10 инчи, кој оваа година го замени Samsung со тајванскиот прозиводител Asus кој се покажа фантастично на два пати со помалиот таблет Nexus 7.

Главната вест е дека Google Nexus 10 II ќе има Full HD резолуција од 2560×1600 пискели со густина на пикселација од 300 ppi, што е фантастично достигнување за уред со големина на екранот од 10 инчи. Истата логика на изработка ќе се примени и во хардверскиот дел, па целта на Google и Asus е да се понуди таблет со врвни перформанси.

Најверојатно ќе биде употребен високо квалитетен четири-јадрен процесор, а избoрот ќе биде направен меѓу чиповите на Qualcomm Snapdragon 800 или Nvidia Tegra 4, заедно со 2 GB RAM и 32 GB вградена меморија. Се најaвува и промена во дизајнот чија задача е доверена на Asus, со што Nexus 10 II ќе биде за нијанса потенок и полесен.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Се претпоставува дека Nexus 10 II ќе биде претставен до крајот на годината, а дотогаш би требало да биде пуштен во употреба и новиот оперативен систем Android 4.4 KiKat. Неговата цена ќе се задржи на сегашното ниско ниво од 350 до 400 долари што е единствена понуда во категоријата на таблетите од врвната класа.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -