Млади сте, а постојано ве болат грбот и вратот? Еве го виновникот!

Болката во грбот во денешно време се повеќе се поврзува со седењето, односно со наведнувањето над лап топот или со играњето игри на iPad-ите и на смартфоните.

За тоа колку е проблемот проширен зборува и тоа дека веќе постои термин што го опишува – iPosture. Иако звучи како најнов гаџет на Apple, iPosture се смета за виновник за болките во грбот што ги мачат се повеќе млади на возраст од 18 до 24 години.

neck-and-back-pain

Над 84% испитаници меѓу 18 и 24 години кои учествувале во студијата на Simplyhealth, потврдиле дека имале болки во грбот во текот на минатата година.

Било утврдено дека испитаниците поминуваат дури 8, 83 часа дневно пред еканот. Интересно е тоа што болното подрачје кај помладите и постарите генерации се разликува.

„Повеќето луѓе ги мачи болка во долниот дел на грбот, а оваа студија покажа дека младите од 18 до 24 години имаат повеќе болки во горниот дел од грбот и вратот“, рекол Брајан Хамонд, претседател на британското национално здружение што се занимава со овој здравствен проблем.

B

Кое е решението?

Половина решение е да станете свесни за неправилното седење и наведнување над компјутерот и останатите гаџети, а другата половина е секогаш да седите со исправен грб.

Студијата покажала дека родителите во денешно време речиси и да не ги опоменуваат децата да внимаваат на правилното седење и да се исправат.

SittingX3

- Реклама -