Оваа позната порно ѕвезда во моментов е бремена, а на неродениот син кој го носи се обидела да му објасни како донела одлука да влезе во овој свет, а потоа и да стане мајка.
„ Бев на преглед кај докторот“, пишува таа. Лежев на грбот и слушав како чука срце во мојата внатрешност. Почувствував голема одговорност за сите извори кои сум ги направила. Еден ден тоа ќе морам да му го објаснам на својот син“. Прочитајте го целото писмо:
„Сине мој,
Додека го пишувам ова, се уште не си дојден на свет, ќе се родиш кон средината на декември. Но, кога ќе го читаш ова, можеби ќе бидеш доволно возрасен да пребаруваш по интернет, да ти се допаѓаат девојки, и да дознаеш за Аурора Сноу. Се надевам дека ова ќе го прочиташ пред да налеташ на фотографиите или погледнеш снимки каде што твојата мајка е прикажана онака како што никогаш не би посакал да ја видиш. Дозволи да ти објаснам.
Твојата мајка порасна во голема, многу голема сиромаштија. Во раните години од овој век одев на универзитет, бев одличен студент и имав најдобри оценки, но од седмица во седмица се гушев од студентски кредити. Фрустрирана и од страв дека ќе мора да ги прекинам студиите, разгледував весници. Погледот ми застана кога видов : Девојки за позирање без облека – 2000 долари на ден.
Не ми беше срам, а парите ми беа потребни. Знаев дека не сакам фамилија, а тоа беа години пред сите да бидат вклучени на интернет, така што искрено верував дека можам да го сокријам тоа од мајка ми, татко ми и братот. Планирав да бидам во тоа околу една година, но тоа не функционира така“.
Аурора подоле објаснува како парите биле неверојатни, па од фотографирање добила понуди за снимање. Понатаму вели дека нејзината популарност енормно растела, па ја имало дури и на телевизија. Фамилијата дознала се. Не им било драго, но не ја отфрлиле. Сето тоа беше работа, „а како и секоја работа што сум ја имала, сакав да ја направам најдобро што можам“, вели таа.
„Ќе бидам искрена со тебе“, продолжува во исповедот. „Во својата порнографска кариера работев се што може да се замисли, а ако доволно копаш, постојат и такви кои изгледаат премногу грозно. Се надевам дека никогаш нема да ги видиш“.
Потоа приказната земала сосема друг тек. Кога брат и бил повреден во сообраќајка, таа две години се грижела за двете негови мали деца, па тука дошло до преродбата, кога ѕвездата сфатила дека сака да биде мајка.
„Ми се променија приоритетите. Наместо девојка подготвена на се, станав жена која има цели“, пишува таа.
Запознала маж кој исто работел во забавниот свет, а сакал да основа фамилија, но се уште не и било лесно да ја напушти кариерата.
„Само притисни го копчето за лансирање“, ја посоветувал таткото на детето, а таа го послушала и засекогаш ја напуштила порно индустријата.
„Сине се надевам дека ова писмо ќе ти помогне да разбереш и ќе те спречи да кликнеш на моите видео линкови. Изборите кои ги правиме, можат засекогаш да го променат нашиот пат. На крајот се се сведува на избор. Запомни дека кога ќе донесеш голема одлука секогаш треба да се запрашаш – Ќе можам ли да живеам со тоа? Мојот одговор е во ова писмо, се надевам дека говори самото за себе“.