Samsung и LG планираат да пуштат паметен телефон со извиен дисплеј пред крајот на октомври, соопштуваат неколку извори од Кореја. Samsung веќе официјално потврдија дека планираат да претстават таков уред и тоа може да се случи уште следната недела.
Моделот на Samsung ќе се вика Galaxy Note III Active, соопштуваат изворите, што е интересен спој од имињата на другите два уреди на компанијата – смартфонот со пенкало Galaxy Note III и водоотпорниот Galaxy S4 Active.
Кај LG новиот модел ќе го носи името LG Z, а за него се зборува дека веќе влегол во производство и дека исто така ќе излезе на пазарот до крајот на октомври.
И двата уреди ќе бидат достапни во ограничени серии, што е нормално имајќи го во предвид помалиот производствен капацитет за овој тип дисплеи, а и уште новата и непозната за широката јавност идеја.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk