Што сте биле во претходниот живот: Диктатор, конкубина или уметник

Многу често можеби сте помислиле дека нешто не ви е судено во овој, но веројатно ќе ви се случи во следниот живот, па оттука и верувања што сте биле некогаш и што ќе бидете во иднината. Доктор Константин Котроков, професор по информатика, сметковотство и биофизика на Универзитет во Сант Петесбург, успеал да сними промени во човековото тело во моментот кога настапува смртта. Неговиот тим докажал дека енергетски облик во тој момент го напушта организмот, а Кортоков истата појава ја нарекува „човековата душа“, која по смртта повторно се раѓа во ново тело.

Науката официјално ги негира ваквите тврдења, а експериментите на Кортоков за прв пат во историјата успеале да се приближат кон емпирските. Значи, ако реинкарнацијата сепак постои, дознајте што сте биле во претходниот живот, според годината на раѓање.

Трагачи кон среќата

Годиште: 1927, 1936, 1945, 1954, 1963, 1972, 1981, 1990, 1999, 2008, 2017.

Минато: Во минатиот живот сте биле цар, крал, владател кој припаѓал на високото племство.

Сегашност: Постојано трагате кон подобро. Во другата половина од животот ќе имате повеќе среќа, а на крајот ќе бидете задоволни со судбината. Страствено го сакате спротивниот пол, но не сте промискуитетни. На сите полиња сакате длабоки задоволства. Склони сте кон депресија.

Иднина: Следниот живот ќе го поминете во планина како мудрец-сам, или како екстремен спортист.

writter1

Писатели:

Годиште:  1926, 1935, 1944, 1953, 1962, 1971, 1980, 1989, 1998, 2007, 2016.

Минато: Во пред претходниот живот сте биле син на ѓаволот, а во минатиот канибал. Сте минувале многу време лутајќи низ светови.

Сегашност: Можно е да пишувате љубовна драма или хорор роман. Имате силна харизма и можете да станете политичар, говорник или водител. Зборувате остро, а поради своите необични манири често се соочувате со завист или омраза.

Иднина: Во паралениот универзум ќе бидете дух, а во овој монах.

Уметници:

Годиште:  1925, 1934, 1943, 1952, 1961, 1970, 1979, 1988, 1997, 2006, 2015.

Минато: Во неколкуте од минатите животи сте биле диктатор кој погубил илјада луѓе, потоа канибал и на крајот слон.

Сегашност: Никогаш не ви се доволни пари, моќ, слава… Неодлучни сте и амбивалентни. Можно е да имате неколку бракови. Чувајте се од луѓето кои ги понужувате, во наредниот живот можат да ви се осветат.

Иднина: Во некои од следните животи ќе бидете уметник.

elephantpaintingbyheatheronhertravels

Љубовници

Годиште:  1924, 1933, 1942, 1951, 1960, 1969, 1978, 1987, 1996, 2005, 2014.

Минато: Вие сте биле конкубина на император, куртизана

Сегашност: Често ќе се чувствувате како роб на љубовта. Носите огромна жртва поради партнерот. Вие сте верен и чесен сопатник, добар човек. Сепак, склони сте кон негативна перцепција на стварноста, па затоа честопати сте цинични.

Иднина: Во наредниот живот ќе бидете фотомодел

Научници

Годиште:1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013.

Минато: Во секоја претходна инкарнација сте имале огромно знаење, а среќата ве чекала во земја во која што сте родени.

Сегашност: Ви претстојат големи успеси на полето на науката или во некоја интелектуална дејност. Ретко сте задоволни со резултатите од својата работа, но несебично им помагате на другите да остварат успех.

Иднина: Во следниот живот ќе бидете принц.

proslost-1380638477-15846

Астролози

Годиште:  1922, 1931, 1940, 1949, 1958, 1967, 1976, 1985, 1994, 2003, 2012.

Минато: Надарени сте со силен ум и интуиција, некогаш сте биле астролог, магионичар или претскажувач на судбина.

Сегашност: Имате многу пријатели и љубовници. Добри сте кон другите, а за возврат добивате неблагодарност. Вашиот настап е одбивен, но затоа вашата душа е чиста. Така одржувате сериозни односи, а лесно влетувате во авантури. Вашите случајни претскажувања се точни.

Иднина: Ќе бидете голем научник или астролог.

Горди луѓе

Годиште:  1921,1930, 1939, 1948, 1957, 1966, 1975, 1984, 1993, 2002, 2011.

Минато: Сте биле полубог или свиреп дух. Поради тоа во вас имало премногу гнев и агресија.

Сегашност: Добивате се што сте сакале, вклучувајќи и власт, која ќе ја изгубите поради предавство. Секогаш ќе имате сила она што еднаш сте го постигнале да го постигнете повторно. За вас е карактеристична тежибата да ја менувате традицијата, да ги рушите правилата и да поместувате граници.

Иднина: Во следниот живот ќе бидете монах, аскет кој цврсто се држи до правилата.

king-tutankhamun-dna_12801_600x450

 Миленици на судбината

Годиште:  1920, 1929, 1938, 1947, 1956, 1965, 1974, 1983, 1992, 2001, 2010.

Минато: Пред два живота сте биле војник, а потоа сте се родиле како уметник.

Сегашност: Омилени сте во друштво на богатите и моќните, па лесно може да ви доаѓа помош од сите страни. Добро ве служи здравјето, а кога ќе се разболите брзо оздравувате. Дури ни вашите лоши дела не добиваат соодветна казна. Боговите се секогаш на ваша страна. Многу сте интелигентни и талентирани.

Иднина: Следниот живот ќе бидете вајат или духовник.

Исцелител:

Годиште: 1919, 1928, 1937, 1946, 1955, 1964, 1973, 1982, 1991, 2000, 2009.

Минато: Во животот сте биле медицинско лице.

Сегашност: Вие сте лекар или некој кој секогаш им помага на другите. Ако ја следите својата судбина, животот ќе ве награди со благосостојба, ако бегате од обврските, пријателите ќе се свртат против вас. И богатството ќе бега од вас.

Иднина: Ако сте во согласност со судбината, ќе се родите како исцелители.

- Реклама -