Пристигна новиот HP ChromeBook 14

Пристигна новиот лаптоп на компанијата Hewlett Packard, кој е наречен HP Chromebook 14 и претставува еден од лаптопи од серијата Chromebook кој доаѓа заедно со Intel Haswell процесор.

Моментално на европскиот пазар може да се најде само 3G верзија од овој модел, додека на американскиот е достапна и 4G верзијата.

image_gallery2_tcm_245_1494278

Chromebook 14има 14-инчен HD екран, додека во внатрешноста се наоѓа SSD диск од 16 гигабајти, заедно со HDMI, USB 2.0 и USB 3.0 приклучоци, како и комбиниран приклучок за слушалки и микрофон. Овој модел на HP доаѓа во три бои и тоа: бела, тиркизна и светло портокалова боја, која во реалност изгледа како розова.

image_gallery1_tcm_245_1494276

Chromebook серијата го користи Chrome оперативниот систем на Google. Гигантот HP вклучува енормно поголема резолуција во својот најнов лаптоп Chromebook 14 за разлика од петтата серија на Samsung или Acer C7. Тие немаат инсталирано софтвер, како на сите нормални лаптопи, со што требаат да бидат поврзани на Интернет и да се потпираат на апликациите поврзани на Интернет, вклучувајќи ги Google апликациите како што се Gmail, YouTube и Google+. Исто така добивате 100 гигабјати слободен простор на Google Drive каде можете да си сочувувате датотеки, документи и слики во период од две години. HP Chromebook 14 ќе настапи на европскиот пазар во Ноември 2013 година, со почетна цена од 250 фунти.

[youtube]http://youtu.be/Gmp1y1mKm6k[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -