Рома ја победи Болоња со убедливи 5-0 и ја продолжи фантастичната форма која ги носи на врвот во Серија А.
Римската Волчица има блескав старт на сезоната, шест победи од шест натпревари со само еден примен гол.
Жервињо со два постигнати гола беше ѕвезда на вечерта на Олимпико, покрај него реализираа и Флоренци, Бенатиа и Љајиќ.
Со овие три бода, Рома се врати на врвот во Серија А со два бода предност пред Наполи и Јувентус.
Старата Дама со гол на Погба од сомнителна ситуација го победи Торино во градското дерби.
Интер одигра 1-1 на гостувањето кај Каљари.
Нероазурите водеа со погодокот на Икарди во 75. минута, но по додавање од Агим Ибраими осум минути подоцна, Наинголан реализираше за 1-1.
По ремито против Наполи во минатото коло, Сасуоло остана непоразен и против Лацио, натпреварот заврши 2-2.
Верона со 2-1 го победи Ливорно, Катанија со 2-0 славеше над Киево, со истиот резултат Аталанта го совлада Удинезе.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал