Антонели најбрз, но Ферстапен ќе стартува прв во Лас Вегас

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Лас Вегас, откако најбрзиот во квалификациите Кими Антонели доби казна од пет стартни места. Антонели го постави најбрзото време од 1:33.893 минути, но трката ќе ја почне од шестата позиција.

10
Антонели најбрз, но Ферстапен ќе стартува прв во Лас Вегас (x.com/F1)
Фото: x.com/F1

Ферстапен во квалификациите заостана 0,258 секунди зад Антонели, а од првиот ред ќе тргне Џорџ Расел со Мерцедес. Зад нив ќе стартуваат Ландо Норис од Мекларен, Исак Хаџар од Ред Бул и Арвид Линдблад.

Ферари имаше неуспешни квалификации, бидејќи Шарл Леклер и Луис Хамилтон не успеаја да се пласираат во Q3. Леклер ќе стартува од 11., а Хамилтон од 12. место.

Реклама

Казни поради промени на делови од болидот добија и Оскар Пјастри, Карлос Саинц, Ленс Строл и Оливер Берман. Пјастри, кој квалификациите ги заврши на седмото место, по казната од десет позиции ќе стартува 17., додека Берман ќе тргне од последната позиција.

Големата награда на Лас Вегас е закажана за 22 ноември во 5 часот наутро по македонско време.