Најисчекувани летни филмски хитови

Кои филмови ќе имаат најголем успех ова лето? Изборот е помеѓу неколку адаптации на приказни од стрипови како и две оригинални комедии. Прашањето е дали било кој филм може да претставува конкуренција за големите акциони филмови со огромни буџети.

“The Dark Knight Rises” (20 јули)

Бетмен како одмаздник. Кристофер Нолан ги снимал протестите на Occupy Wall Street за филмот иако сè уште не е откриено како ќе бидат претставени. Она што е јасно е дека Ен Хетавеј е Catwoman, Џозеф Гордон-Левит е одличен.

“GI Joe: Retaliation” (29 јуни)

Првиот филм од оваа серија беше критикуван за слабата приказна, но речиси е јасно дека авторите научиле нешто од своите грешки. Новиот режисер Џон Чу си играл со GI Joe играчките што ветува.

“The Dictator” (16 мај)

Саша Барон Коен го игра Адмиралот Генерал Аладин. Тој исто така долго време ја подготвува публиката за овој филм уште од истурањето на „пепелта“ на Ким Јонг Ил врз Рајан Сикрест.

“The Amazing Spider-Man” (3 јули)

Сите фанови на Спајдермен со нетрпение чекаат да видат како ќе изгледа ресетираната серија за овој супер херој. Во новата верзија со Ендру Гарфилд во главна улога херојот ќе ја истражува смртта на своите родители со што навлегува во трауматичната територија на сиракот Бетмен.

“Dark Shadows” (11 мај)

Оваа најнова соработка на Џони Деп и режисерот Тим Бартон е римејк на сапунска опера од седумдесеттите.

- Реклама -