
Николоски рече дека екипи на Јавното претпријатие за државни патишта ја снимиле состојбата на патот и дека е изработен проект за реконструкција. Се очекува да биде објавен повик за избор на изведувач.
Тој најави и дека в година се планираат работи на патот кон Дојран, по патниот правец од Богданци, од Понов мост до Гевгелија, кој веќе е пуштен.
За Валандово се предвидени речиси 100 милиони денари поддршка: 65 милиони од буџетот на Министерството за транспорт и околу 35 милиони преку два владини повика. Со средствата од Министерството се асфалтираат улици во Собри, Пирава, Брајковци, Раброво и Марвинци, во должина од 650, 580, 774, 1.230 и 1.560 метри.
Николоски рече дека подобрената инфраструктура може да помогне во искористувањето на туристичкиот потенцијал на населените места во близина на Коридорот 10. Со градоначалникот Ѓоко Камчев разговарал за поголема презентација на Исар Марвинци, а ја посочи и владината поддршка за земјоделството.





