
Натпреварот со Кипар од второто коло во групата „Ф“ од втората фаза на претквалификациите за Европското првенство во 2029 година ќе се игра на 26 ноември, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со почеток во 18 часот.
Подготовките ќе почнат на 23 ноември во истата сала, а првиот тренинг е закажан за 11:30 часот.
На списокот се Ненад Димитријевиќ, Виктор Ташовски, Виктор Ефремовски, Војдан Стојановски, Лука Стојановски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Лејсон Зеќири, Валмир Какруки, Резарт Мемед, Тома Стојаноски, Андреј Маслинко, Петар Бошалески, Андреј Андоноски и Мозес Рајт.



