Новите велосипедски рамови со вграден амортизер

Кога го користите велосипедот како секојдневно превозно средство, удобноста е особено важна. Тоа е токму она што Alter Cycles го ветува, а се должи на нивниот несекојдневен амортизер. Наместо да го интегрираат во предната вилушка, компанијата го замени долниот дел од рамот на нивните велосипеди со флексибилен лак што овозможува повеќе степени на комфорт.

Планирани се повеќе видови шипки со различни степени на флексибилност, кои сопствениците ќе можат лесно да ги заменат и да го прилагодат својот велосипед до посакуваната амортизација, од мека до тврда, во зависност од теренот на кој возат. Кога ќе станат достапни за широка потрошувачка, се очекува цената на велосипедите да се движи околу 800 долари, додека различните видови флексибилни лакови ќе се продаваат по цена од 75-100 долари, вклучувајќи off-road верзија на секој од нив.

Останува да се види дали велосипедистите ќе ја одберат како подобра алтернатива во однос на сегашните предни суспензии.

- Реклама -