Japan Tobacco International (JTI) влегува на македонскиот пазар

_mg_9498_2p.jpg Лансирајќи ги своите светски познати брендови Winston и Camel за првпат
во Македонија, третата најголема тутунска компанија во светот JTI приреди хедонистичка, луксузна забава за 500 ВИП
личности, на која во живо настапи балканската музичка ѕвезда Кирил
Џајковски, со својот бенд.


Лансирајќи ги своите светски познати брендови Winston и Camel за првпат
во Македонија, третата најголема тутунска компанија во светот JTI приреди хедонистичка, луксузна забава за 500 ВИП
личности, на која во живо настапи балканската музичка ѕвезда Кирил
Џајковски, со својот бенд.

Хедонизмот е ултимативна цел на модерниот човек, и таа е невозможна без храна, пијалок, музика и тутун со врвен квалитет, порача Japan Tobacco International на својата забава, на која дел од ВИП-гостите имаа можност дури и да лежат на огромни кревети поставени на подиумот во дискотеката Хард рок.

Генералниот менаџер на JTI за Западен Балкан, Кристијан Кринг истакна дека JTI, како компанија со најбрз раст во тутунската индустрија во светот, дојде во Македонија со цел долгорочно да инвестира и да го развие својот бизнис на овој пазар.

„JTI планира да го прошири својот асортиман во Македонија со дополнителни брендови, што е можно поскоро. Планираниот обрт за следната година е 10 милиони евра. Нашата компанија има репутација на внимателен и посветен инвеститор. Ние сме горди што дојдовме во Македонија и планираме долгорочно да го развиеме нашиот бизнис. Претставувањето на нашиот познат бренд на пазарот ќе и донесе на македонската влада приход од 6,08 милиони евра во следните 12 месеци“, истакна Кристијан Кринг, генерален менаџер на JTI Адријатик.

Прочитајте и:  Неверојатна работа му се случува на телото неколку минути откако ќе престанете да пушите: После ова веднаш ќе ги фрлите цигарите

Македонските потрошувачи за првпат имаат можност да ја купат втората најпродавана цигара во светот- Winston. Овој светски познат бренд датира од 1954, кога беше создаден како најдобар избор на првокласни сорти на тутун.

„Истовремено, Македонија е еден од првите пазари на кој е лансиран  новиот Camel – American Original, еден од најпрепознатливите и планетарно познати брендови, со автентично потекло од 1913 година, познат е по својот првокласен, премиум квалитет, пријатен и богат вкус и со својот урбан и независен карактер“, истакна Кристијан Кринг.

JTI е филијала на Japan Tobacco Inc. (JT), третата најголема светска глобална тутунска компанија. JTI произведува три од врвните пет светски брендови на цигари: Winston, Mild Seven и Camel. Други интернационални брендови ги вклучуваат Benson&Hedges, Silk Cut, Sobranie, Glamour и LD. Japan Tobacco International чие седиште се наоѓа во Женева, Швајцарија има повеќе од 22.000 вработени,  во 120 земји и годишена нето-продажба од 8 милијарди американски долари.

_mg_9487_2.jpg
_mg_9490_2.jpg
_mg_9498_2.jpg
_mg_9501_2.jpg

- Реклама -