Истанбул во есен

За многумина Истанбул е најубавиот град во светот, место каде што се спојуваат културите од истокот и западот, метропола која има што да им понуди на сите посетители. А, главниот град на светот е можеби најубав во есенските месеци…

Некаде од средината на септември, па сѐ до моментот кога започнуваат зимските студови, Истанбул станува уште помагичен град. Пејзажите се освежуваат со многу поживи бои и ќе ве натераат да ги продолжите прошетките низ улиците и парковите до зајдисонце. Можеби токму затоа, градот на два континента прима најмногу посетители во есенскиот период…

autumn_in_istanbul_by_istanbulphoto-d4e7dx3

Сите поважни места што треба да се посетат во Истанбул изгледаат многу попривлечно во есента. Доколку се решите да го посетите прекрасниот ориентален град во тој период, ќе имате можност да направите одлични фотографии, исполнети со стотици различни бои. Не пропуштајте да ги посетите: Џамијата Лалели, хотелот Пера Палас, Кулата Бајазит, Капали Чаршија, Топкапи Сарај, Света Софија, Долмабахче Сарај, Сината Џамија итн.

Прочитајте и:  Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел, подготвена e да започне операции доколку се почувствува загрозена

kapali-carsi

Оние што го посетилте Истанбул во есен знаат зошто вреди да се отпатува во срцето на Турција токму тогаш. На сите останати, им го препорачуваме главниот град на светот како есенска дестинација за незаборавно патување.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -