Научниците од национален тајвандски универзитет во престолнината Тајпеј создале „паметен заб“ кој покажува каде и како јадеме, пиеме, зборуваме, кашламе, со цел да ги следат навиките во исхраната и други аспекти кои можат да влијаат на здравјето на луѓето.
Научниците во студијата користеле забен цимент, па на забите на осум доброволци залепиле минијатуирни сензори.
Направата е стоматолошки исчистена од плунка и други течности и се состои од неколку брзинометри, кои ги препознаваат движењата во сите три димензии. Кога волонтерите гризеле мастика, пиеле вода, кашлале, или пак, зборувале, нивните заби реагирале под одредена шема, што сензорите ја препознале во 93, 8 проценти од случаите.
Научниците „паметниот заб“ го вградиле и во вештачки заби, а нердните тестирања би требало да содржат и Bluetooth, кој ќе собира информации по бежичен пат и ќе ги праќа на мобилен кај корисникот, за да се одработат.