Човечката љубов кон кучињата е неизмерна, а неретко знае и да ги помине границите. „Архитектура за кучиња“ е колекција на бизарни куќички и акцесоари за кучиња дизајнирана од повеќе архитекти, од кои најмногу се Јапонци. Тоа е нов медиум „што ги прави кучињата и нивните луѓе среќни“, а се состои од уникатни дизајни кои можат да бидат направени и во домашни услови. Колекцијата ќе биде изложена од 25 Октомври до 21 Декември во TOTO Gallery Ma, во Токио.
Нацртите за секој од дизајните се бесплатно овозможени на официјалниот сајт на „Architecture for Dogs“, па ако сте малку повешти во „направи сам“ проектите, можете слободно да ги погледнете и да изработите нешто што ќе го збуни и засрами вашето куче.