Русинката, која има тело за кое умираат сите жени, а го посакуваат сите мажи, ја дизајнираше нејзината прва колекција бикини за калифорнискиот бренд „Beach Bunny“.
27-годишната Ирина Шаек реши на најдобар начин да ја претстави нејзината колекција бикини – самата позираше во нив и тоа во рајски амбиент што се покажа како одлична комбинација за промоција на костимите за капење.
Колекцијата, што ќе се најде во продажба оваа есен, е калеидоскоп од бои вклучувајќи метално златно бикини до светло црвено едноделни костими.
Шаек, која до сега има позирано за „Sports Illustrated“, „Victoria’s Secret“ и „Intimissimi“ изгледа совршено во тропскиот амбиент.