Сите тајни на петок 13

Митовите околу петок 13. може да ги доживееме како пропаганда, маркетиншки трик, празноверие или можеби непобитен факт. Фобијата од петок 13 има научен израз параскаведекатриафобија. Посебно е интересно дека 15 отсто од научниците признаваат дека се плашат од тој ден.

Се проценува дека од оваа фобија во САД страдаат помеѓу 17 и 21 милиони луѓе. Секој петок 13 американското стопанство губи од 800 до 900 милиони долари. Тоа и не е некој факт кој зачудува бидејќи на тој ден луѓето помалку патуваат, па така не го полнат буџетот на транспортните претпријатија, не користат финансиски транскации, а избегнуваат да започнат некоја важна задача или пак да донесат некоја важна одлука.

Забележано е дека на тој ден се зголемени и психолошките пореметувања, од напади на паника, па се до самоизолација.

Никогаш не ја менувајте постелнината на тој ден бидејќи ќе имате ноќни кошмари. Не ги сечете ноктите бидејќи носи тага. Осумдесет отсто од облакодерите во светот немаат 13 кат, аеродромите немаат 13 излез, хотелите и болниците немаат соба со број 13.

Во Фиренца куќите што се наоѓаат помеѓу броевите 12 и 14 се означени со 12,5.

Народните преданија нудат решение за овој проблем. Качете се на врв на планина или на висока зграда и запалете ги сите искинати чорапи што ги имате.

Научникот и математичар од универзитетот Делвер, Томас Фернслер во својот натпис во „Национална географија“ пишува дека бројот 13 го смета за несреќен само поради тоа што доаѓа по 12. Бројот дванаесет има традиционално значење. На пример, дванаесетте месеци од годината, дванаесет богови од Олимп, дванаесет знаци на зодијакот и дванаесетте апостоли на Исус. Тринаесет е само еден број по дванаесет и е само симболичен чекор кон лошото.

Според библиското и историско верување бројот 13 носи несреќа бидејќи на последната Исусова вечера имало 13 гости, и Велики Петок постоел затоа што тоа е денот на распнувањето на Исус. Јуда Искариотски бил “тринаесеттиот” апостол,а тринаесеттото племе на Израел било единственото племе кое останало без сопствена земја.

Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.

Во норвешката митологија, пак, Богот Один и неговите 11 најблиски пријатели се собрале на забави и си поминувале “лудо” се додека Локи, богот на злото и немирот, не се појавил непоканет, како тринаесетти гостин. Според легендата, богот на уживањето Балдер, се обидел да го исфрли Локи од куќата, а за време на препирката, го погодила смртоносна стрелка од имела. Балдер е убиен, а Земјата била обвиткана од темнина и смрт.

2rmw

Постојат факти и бројни занимливости поврзани со овој ден, кои ќе ве наведат да станете или останете суеверни.
На пример поранешниот претседател на САД Френклин Рузвелт, одбивал да патува на тој ден и никогаш не канел 13 гости на вечера. Според некои толкувања на мајанскиот календар, крајот на светот ќе биде на 13.13.13.13.13.13.13.0.0.0.0. или според Грегоријанскиот календар на петок 13 октомври 4772 година.

Што ни нуди иднината не знаеме, но, научниците веќе ја најавиле блиската средба на Земјата со астериод. Се очекува астероидот 2004 МН4 да помине покрај планетава на петок 13 април 2029 година.

Уште неколку факти говорат за “застрашувачкиот“ Петок 13: Повеќе од 80 отсто од високите згради немаат 13-ти кат, многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок, во Формула 1 не постои болид со бројот 13, имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper,John Wayne Gays, Charles Manson, Jeffres DahmerЈеффрес, Theodor Ted Bunds.

Но, не е се така црно на овој ден, бидејќи историјата познава и убави настани кои се случиле токму на петок 13. Па така, на петок 13 август 2004 година се отворени Олимписките игри во Атина. Лани Јупитер направи “линија“ со Венера, Меркур и Марс токму овој несекојдневен астролошки спектакл можеше да се набљудува од Австралија и уште многу позитивни настани кои ни даваат надеж дека петок 13-ти и не е толку црн ден.

- Реклама -