Кое место од старо Скопје би го вратиле барем на еден ден?

1

За некого тоа е корзото, на друг прво ќе му текне на Ванила или на Тропикана, трети на Кермез… Зависи кога сте растеле во Скопје, во кое маало сте живееле и каде ви се собирало друштвото.

Може да е и киното во кое одевте со друштво, слаткарницата во која ве носеа во недела или клупата пред зграда на која седевте цело лето. Некои од тие места ги нема, а покрај други уште поминувате и знаете да кажете: „Е, тука порано беше…“

Кое место ви падна прво на памет? Пишете ни во коментар каде беше и по што го паметите. Ако имате и стара фотографија, споделете ја со нас.