Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е спремен да вложи пари во белградскиот клуб Црвена Ѕвезда, пренесуваат спрските медиуми.
Функционерите на црвено-белите ќе разговараат со Русинот во врска со неговите планови да инвестира во некогашниот првак на Европа и светот.
Во последните месеци во Србија кружи приказна дека некои арапски семејства од Катар ќе вложат пари во два српски клубови, но сега изгледа во преден план е рускиот капитал.