Прв Cisco натпревар во Македонија

Во организација на глобалната Cisco Networking Академија и Академијата за компјутерски мрежи на Seavus Александрија, во Скопје на 5 септември (четврток) ќе се одржи меѓународниот Cisco NetRiders натпревар.

Натпреварот е одлична можност студентите да се натпреваруваат против други студенти од Македонија и целиот свет и да ги тестираат своите знаења и вештини во областа на ICT и Cisco компјутерски мрежи и да го привлечат вниманието на идните работодавци.

Најдобриот натпреварувач од Македонија ќе добие iPod Touch од 4-та генерација со 32 GB, а 4ца најуспешни кандидати на 24 септември 2013 година ќе имаат можност да се натпреваруваат на глобално ниво за еднонеделно студиско патување во седиштето на Cisco, во Силиконската долина во Калифорнија, САД.

- Реклама -