Секоја мајка која има син го знае ова

Ако куклите и малата розова облека ви се непознати, а редовно стапнувате на лего коцки и багери, додека секојдневие ви е собирање на сите видови автомобили, тогаш сигурно сте мајка на мало момче.

Знаеме дека сите момчиња не се заразени со автомобили и камиони, но некои интересни знаци, сепак, упатуваат на тоа дека имате син, а еве кои се тие.

1. Ја знаете разликата меѓу багер и трактор на прв поглед

mother and son hugging

2. Сте се откажале од правилото дека нема топка внатре во куќата и сега едноставно предупредувате да не се шутира пресилно

3. Го имате испланирано најбрзиот пат до болница затоа што само прашање на време е кога ќе биде потребно шиење

4. Престанавте да седите на подот од страв некој да не ви се „обеси“ на рамењата

5. Возејќи се со автомобил често викате „Види пожарникар (багер или дигалка)“

6. Нозете и задникот ви се мократ кога ќе седнете на ВЦ школката

Mom-and-Son

7. Кога е тишина во детската соба, ве фаќа паника

8. Имате барем три модели на транспорт за деца – велосипед, скејтборд, тротинер…

9. Редовно газите по лего коцки

10. Се тешите дека нередот во собата е креативен и дека претставува детска тврдина

11. Повеќето панталони на детето имаат дупки на колената

mom-and-son-laughing

12. Гледате во дрвото со надеж дека детето ќе ви се симне во еден дел

- Реклама -