Колку пати сте виделе фотографии „пред“ и „потоа“ од луѓе кои ослабеле. Фитнес центрите ветуваат брзи резултати за две недели, но личната тренерка Мелани Вентура ги разоткри сите трикови на нејзиниот блог.
Драматично послабиот изглед е можен за само 15 минути, а тоа и самата го докажала. Индустријата вредна милијарди ветува фит тело по третманот, но тајната е всушност во редовното вежбање и потење – нема друг магичен рецепт за топење на килограмите.
Вентура објавила две фотографии од неа. На едната го надувала стомакот, стои подгрбавено, косата и е во репче и носи тесни гаќички. Поради тоа изгледа подебело, а тоа го докажа за 15 минути. Црните гаќички не ја стегаат, телото го намачкала со крема за потемнување, а косата ја пуштила. И тоа е тоа!
Таа сакала да покаже дека фитнес индустријата не мами затоа што таа поминала низ процесот на слабеење. Во 2010 почнала да вежба, ги симнала вишокот килограми, го променила стилот на живот и станала тренерка. Но, за тоа и биле потребни повеќе од две недели.