Мурињо: Од Руни зависи

Жозе Мурињо има пофалби за фановите на Јунајтед кои му дадоа поддршка на Руни, и вели дека доколку напаѓачот реши да остане на Олд Трафорд, Челзи ќе ја почитува одлуката и ќе отстапи.

Во синоќешното дерби на Олд Трафорд посебно внимание привлекуваше Вејн Руни, напаѓачот сакаше да го напушти Јунајтед, а Челзи е тимот кој се обидува да го ангажира.

Фановите на Манчестер Јунајтед му дадоа голема поддршка на Руни, а тој возврати со борбена игра во текот на сите 90 минути.

Моменти кои сугерираат дека постојат реални шанси Руни да остане во Манчестер Јунајтед.

„Мислам дека клубот мора да е многу посебен бидејќи во секој клуб во светот кога фудбалер сака да си оди, тие не го поддржуваат. Кога фудбалер сака да си оди, тие обично го исвиркуваат и навредуваат, но навивачите на Јунајтед му дадоа целосна поддршка” – вели Мурињо.

„Мислам дека ова е специјален клуб, со специјални навивачи, и доколку тој реши да остане, ние ќе бидеме први кои ќе ја почитуваат таа одлука и ќе речат дека е готово”.

Запрашан дали ќе следува нова понуда за Руни, Мурињо одговори:

„Тоа зависи од ова, зависи од неговата реакција, неговите чувства”.

„Доколку сега не сака да со оди, ние отстапуваме. Треба да знаеме што ќе се случува”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -