Барса подобра од Малага, Атлетико го преслуша Ваљекано

Барселона со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Малага, Атлетико Мадрид со убедливи 5-0 го доби дуелот со Рајо Ваљекано, Севиља одигра без голови кај Леванте.

Нова победа за Барселона, по уверливата премиера против Леванте, Каталонците славеа на гостувањето кај Малага со 1-0.

Меси поради повреда го пропушти натпреварот, Нејмар започна од клупата, Бразилецот ги одигра последните 30 минути.

И покрај тоа што славеше само со 1-0, Барселона доминираше во текот на целиот натпревар, но неискористените шанси можеа скапо да ја чинат, Малага неколку пати сериозно се закани кон голот на Валдез.

Победата ја донесе Адриано во 44. минута со прекрасен гол од далечина.

Бекот на Барса заработи и повреда поради која остана во соблекувалната на полувремето.

Атлетико Мадрид со фантастични 5-0 ја победи екипата на Рајо Ваљекано.

Гарсија постигна два гола, по еднаш реализираа Диего Коста, Арда Туран и Тиаго.

Леванте беше торпедиран од Барселона во првото коло од Примера, но овој пат успеа да остане непоразен од Севиља, натпреварот заврши без погодоци.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -