Реал почна да продава дресови од Бејл

Реал Мадрид преку својата официјална он-лајн продавница започна да продава дресови од Герет Бејл.

Велшанецот е топ трансфер цел на ’Кралевите’ ова лето, и се чини дека конечно доаѓа крајот на неговата трансфер сага.

Медиумите од Англија и Шпанија денеска објавија дека преговорите помеѓу Реал Мадрид и Тотенхем се во напредна фаза, и се очекува во скоро време да пристигне официјална потврда за преселбата на Герет Бејл на Сантијаго Бернабеу во светски рекорден трансфер вреден повеќе од 100 милиони евра.

Се говори дека Реал Мадрид ќе го соопшти трансферот на Герет Бејл утре, а фудбалерот следната недела ќе биде презентиран како ново засилување.

Во исчекување на потврда за зделката, официјалната он-лајн продавница на ’Кралевите’ веќе започна да го нуди дресот на Герет Бејл со бројот 11.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -