Пике расплака дете (видео)

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике му го подари својот дрес на едно дете, кое заплака од преголема радост.
По натпреварот на Барселона против Леванте, во кој ’Каталонците’ победија со убедливи 7-0, едно младо момче се обиде да добие дрес од своите идоли.

Но ѕвездите на Барса, на патот кон соблекувалните, го игнорираа момчето, најпрво тоа го стори Педро, а потоа Лео Меси и Алексис Санчез.

Сепак, Жерард Пике се огласи на повикот, го соблече дресот и му го подари, а детето заплака од преголема радост.

Текстот е објавен во соработка со 24 Фудбал

- Реклама -