Кога се појави iPhone за првпат направи вистинска револуција во начинот на кој ги забележуваме моментите. Одеднаш, секој може да има во џеб мала камера со која може да направи неверојатни фотографии.
Сега, со повеќе од 250 милиони продадени смартфони и со апликации како Flickr и Instagram, луѓето создаваат и споделуваат прекрасни фотографии како никогаш до сега и ги претвораат обичните слики од телефон во уметност.
iPhone Photography Awards почна пред седум години. Правилото за учество е едноставно: фотографијата мора да биде направена со iPhone или iPod и може да биде корегирана со разни програми како на пример Фотошоп. Победниците се избираат откако судиите прегледуваат илјадници фотографии од 38 земји во светот. И колекцијата е навистина инспиративна.
Во една од последните реклами на Apple се тврди дека повеќето фотографии низ светот се направени со iPhone отколку со друга камера. Еден поглед на овогодишните победници покажува зошто е тоа така: