Тренерот на Јувентус, Антонио Конте вели дека има голема верба во своите фудбалери кои синоќа со високи 4-0 го торпедираа Лацио на Олимпико и го освоија пехарот во Супер Купот.
Во првиот официјален натпревар од новата сезона, Јувентус со 4-0 го победи Лацио и го освои Супер Купот.
„На прес конференцијата пред натпреварот реков дека сум релаксиран бидејќи ги знам моите играчи и пред се тие се како вистински мажи” – вели Конте за Rai Sport.
„Знаев дека се соочуваме со натпревар за кој нема поправен. Тоа е еден дуел, нема утре и треба да го направите тоа денес”.
„Продолжуваме да испишуваме историја, овие фудбалери покажаа одлични перформанси и сосема заслужено победивме”.
„Не заборавајте ние загубивме само еден натпревар од 90 минути, против ЛА Галакси. Знаеме дека сеуште нозете се тешки од напорните подготовки, но ја заслуживме победата и многу сум среќен”.
„Минатата сезона го освоивме Скудетото и италијанскиот Супер Куп. Би бил среќен доколку тоа се повтори и во оваа сезона”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал