Ако сакате да пробувате нови работи, по малку сте егзибиционист и не се плашите од ризик, сексот на тесни места е вистинска работа за вас! Издвоивме пет незгодни места и идеални пози што ќе ви овозможат возбудлив секс:
1. Автомобил
Неодамна спроведено истражување покажа дека дури 80 проценти од испитаниците пробале секс во автомобил. Претежно се одвива на задното седиште така што таа седи на него или тој лежи на неа, но и во вака тесен простор може да уживате: партнерот лежи на грб, а партнерката седнува на него.
2. Туш кабина
Идеалната поза за секс под туш не може да биде полесно изводлива: стоејќи таа го бутка задникот наназад, додека мажот стои зад неа и ја држи околу струкот. Таа може да се придржува за кабината. Вагината во допир со водата може да се исуши, па при рака имајте лубрикант на база на силикон.
3. Кабина за пресоблекување
Местото е прилично ризично, но замислете каков поглед ќе имате покрај огледалата. Таа стои на столчето во кабината, ако го има, за да не и се видат нозете и се врти со лицето кон неговото. Тој ја подигнува партнерката и почнува акцијата. Ако нема столче таа може да ги стави нозете околу неговииот струк. Ова правете го само во кабини со врата за да се заклучите и во време кога во продавницата нема многу гужва.
4. Лифт
Меѓу сите наведени, ова е најризичното место за секс. Совет е да се користи стар лиф кој се движи побавно. Или пак стиснете го копчето стоп и ќе имате повеќе време. И тука станува збор за стоечка поза, партнерите се гледаат и таа ја крева едната нога, ако е доволно флексибилна на рамото на партнерот или околу струкот или едноставно само ја витка кај коленото и ја крева.
5. Шатор
Водењето љубов во шатор е едно од најдобрите места за секс надвор. Супер поза е онаа во која партнерите лежат на страна така што тој е зад неа и во текот на сексот наизменично со едната рака и ги гали клиторисот и градите, додека жената го држи мажот за задникот. Ако во близина има уште еден шатор, можеби ќе мора да бидете потивки, но не се разочарувајте – тивкиот секс може да биде уште посензуален.