8 работи од кои се откажува секоја мајка

Знаеме дека децата носат промени во нашите животи. Меѓутоа, не сте ни сонувале дека родителската улога ќе ви одземе некои секојдневни и сосема обични работи кои сте ги земале здраво за готово. Издвоивме 8 навики од кои секоја мајка мора да се откаже заради својот мал ангел.

1. Омилениот десерт или јадење никогаш нема да го изедете сами, затоа што ќе го делите со неизбежното „мамо, и јас сакам да пробам…“. Поради тоа понекогаш скришно навечер без грижа на совест ќе изедете цело чоколадо. Само внимавајте новата навика да не се одрази на вашата линија.

Mother eating burger whilst holding her young child-1458152

2. Одењето некаде без причина и слободно време колку што сакате – невозможна мисија. Затоа што само што ќе го земете клучот од автомобилот почнува „мамо, каде ќе одиш“, „кога ќе дојдеш“, „може ли јас со тебе“…

3. Ако сакате порцелански и други кршливи украси во домот, како родител мора да се навикнете на тоа дека повеќе ништо нема да изгледа убаво и – цело.

bad-child-400x198

4. Новиот фрижидер од челик секогаш ќе биде полн со мрсни отисоци од детските прстиња.

5. Еден мрзлив ден во пижами сега ви се чини како научна фантастика. А толку тежнеете за еден таков ден поминат во кревет гледајќи телевизија, грицкајќи чипс…

busy-mom

6. Нема веќе предомислување. Само обидете се на детето да му објасните зошто денеска не можете да одите во зоолошка или на базен.

7. Вашите моменти на опуштање буквално ќе се претворат во моменти во кои како бегалец ќе украдете секунда – до две само за себе. Тогаш може кратко да седите во автомобил, да ги затворите очите и да уживате во мир и тишина или ќе телефонирате без некој да ви поставува милион невозможни прашања.

8. За честите средби со пријателките може само да сонувате затоа што сега единствени возрасни соговрници ви се – доктори, тетките во градинка, учителките и родителите на другарчињата на вашето дете. Ако случајно се сретнете со некоја пријателка, знаете дека секоја половина минута ќе бидете прекинувани и дека непрекинато ќе повторувате „чекај злато, не гледаш дека мама разговара“.

- Реклама -