Комуницирајте со странци и кога не го знаете јазикот

Комуникацијата со странци може да биде многу тешка кога не го знаете нивниот јазик, а тие не знаат англиски. Но, секогаш постојат начини да се воспостави комуникација преку неколку едноставни совети…

Сѐ е релативно

Кодексот на однесување во нашата земја се разликува, помалку или повеќе, од кодексот на земјата во која патувате. Пред да направите или да кажете нешто со што би ги навредиле локалните жители, прочитајте малку за културата во таа земја.

Личен простор

Во некои култури, нарушувањето на личниот простор се смета за знак на агресија. Затоа, кога се обидувате да разговрате со некого, држете се на пристојно растојание.

asking-for-directions-564x352

Внимавајте на гестовите

Дури и ако не знаете ниту еден збор на јазикот на локалните жители, секогаш внимавајте на гестовите. Говорот на телото може да ви каже многу повеќе од зборовите. Веднаш можете да забележите дали некој е пријателски расположен, дали сака да ви помогне или ве гледа како нешто што го иритира. За да бидете сигурни дека нема погрешно да ги интерпретирате гестовите, проучете ја културата пред патувањето и обрнете најмногу внимание на поздравите, ритуалите и церемониите поврзани со оброци.

Искористете ја технологијата

Со себе носите смартфон или таблет-компјутер. Искористете го тоа во своја корист. Инсталирајте Google Translate или некоја друга апликација за превод, што ви овозможува да користите тастатура, гласовен внес, па дури и камерата. Можеби нема да добиете совршен превод на она што не ви е јасно, но барем ќе знаете за што станува збор.

Побарајте помош

Без разлика каде патувате, секогаш ќе се најде барем еден човек кој зборува англиски. Не се плашете да побарате помош. Понекогаш ќе се изненадите колку луѓето сакаат да помогнат, ако ги замолите со насмевка.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -