7 корисни совети за тоа како да преживеете удар од гром

Ќе бидете изненадени ако го дознаете бројот на луѓето кои преживеале по удар од гром. Молњите убиваат околу 24 000 луѓе во светот секоја година, а околу 240 000 луѓе се само ранети и преживееле.

Типичната молња содржи околу 300 милиони волти електрицитет, што е доволно моќ, за да светне една 100-ватна флуоресцентна сијалица во текот на година, тврдат научниците.

Од Live Science нè информира дека шансите да бидете удрени од гром се околу 1 600 000, а во изминатите 100 години, бројот на луѓето погодени од гром е значително намален, бидејќи многу помалку луѓе работат на отворено.

Сепак добро е да знаеме како да се заштитиме од гром додека сме на отворено нели? Еве неколку совети за тоа:

1. Ако откако сте ја виделе молњата слушнете гром пред да сте изброиле до 30, веднаш побарајте каде да се сокриете. Излезете надвор 30 минути откако сте ја слушнале последната грмотевица.

2. Навеси, ровови, автобуските станици и други слични засолништа не нудат вистинска заштита и може да се претворат во цели за удар на гром.

3. Ако сте во градот, најсигурно место каде ќе можете да се заштитиме од гром е стабилна зграда со кабели и инсталација, кои ќе го пренесат електричниот напон подалеку од вас.

4. Ако неможете да најдете зграда, скријте се во автомобил или друго возило со тврд покрив и затворени прозорци. Металната конструкција на возилото ќе ве заштити, само ако не ги допирате метални делови на возилот.

5. Гумените гуми и чевли со гумен ѓон не можат да ве заштитат од удар од гром. Реално многу од жртвите се земјоделци во полиња, кои работат со траткори со гумени гуми.

6. Ако сте во шума на отворено за време на грмењето, побарајте засолниште во ниска зона над која има ниски дрвја и грмушки. Избегнувајте ги високите дрвја, бидејќи молња бара високи објекти во одредена област.

7. Ако сте на отворено, побарајте долина или клисура, но внимавајте на водените места.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -