Палатата Цвингер во Дрезден

Палатата Цвингер се наоѓа во Дрезден, источна Германија. Оваа градба во рококо стил е дело на дворскиот архитект Матеус Даниел Попелман, а им служела на дрезденските благородници како оранжерија, арсенал, галерија и арена за свечености.

303186-svetik

Палатата Цвингер во минатото била дел од дворецот во Дрезден, од кој до денес се зачувани надворешните ѕидини. Името на палатата потекнува од германскиот збор Zwinger кој го означува надворешниот двор од концентричниот замок, местото помеѓу одбранбените и внатрешните ѕидини, каде што биле стационирани топовите. Замокот бил целосно затворен со изградбата на неокласичната галерија на северната страна.

1

Денес, палатата Цвингер претставува важен споменик на културата, но и комплекс музеи, во кои спаѓаат: Галеријата на старите мајстори (во која има изложено преку 750 стари уметнички слики), Дрезденската порцеланска колекција, Оружарницата и Кралскиот салон на математички и физички инструменти. Палата се наоѓа во стариот дел на градот Дрезден, во близина на други, важни културни обележја на овој град, вклучително и Дрезденската палата и Операта.

Прочитајте и:  Во Дрезден ноќеска се урна мостот Карола на реката Елба

2

Иако најголем дел од градбите во комплексот биле уништени во текот на интензивното бомбардирање во 1945 година, граѓаните на Дрезден, преку референдум решиле да се подигнат сите урнати градби од Втората светска војна и да се зачува традицијата, наместо да се дозволи на нивно место да бидат подигнати модерни градби, во реалистичкиот стил, што претставува главна одлика на тогашната социјалистичка Германска Демократска Република.

Zwinger_Palace_(Arita_Porcelain_Park)

Недостигало многу малку за ова важно парче од германската, но и европска историја да биде срамнето со земја засекогаш. За наша среќа, тоа не се случило и денес имаме шанса да го искусиме амбиентот во кој некогаш живееле благородниците.

436772356_7a75e0c92d_z zwinger_palace_at_nightD 7

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -