Автомеханичар води љубов со колите

2_crisppАвтомеханичарот Крис Доналд си ја сака својата работа – тој поправа
коли и има секс со нив. „Некои луѓе сакаат гради и задници, јас
преферирам автомобили.“

 

1_cris

 

Автомеханичарот Крис Доналд си ја сака својата работа – тој поправа коли и има секс со нив. „Некои луѓе сакаат гради и задници, јас преферирам автомобили.“

Крис, 38, има позната психолошка состојба која го прави да биде физички привлекуван од моторите.

Тој имал секс со повеќе од 30 различни модели за 20 години – плус 2 JETSKI мото-чамци. Иако има девојка, признава: „Убава кола за мене е рај за сите сетила. Кога ќе видам убав Мерцедес веднаш сакам да му скокнам.“

Крис има свој вебсајт за неговиот бизарен фетиш и тврди дека повеќе од 500 луѓе се чувствуваат како него, вклучувајќи ги и жените.

„Се е околу имагинацијата и креативноста. Уживам кога ги менувам брзините или кога го чепкам панелот. Деликатното менување правец ми е предигра.“

Прочитајте и:  Кратко траеја големите екрани во автомобилите - се враќаат физичките копчиња

 

2_cris

„Решив да го проширам издувниот отвор, бидејќи беше премал. Компанијата која го правеше тоа не ме праша зошто, додека седев и ја гледав мојата кола качена на рампата. Некои луѓе сакаат и да пијат механички флуиди, но тоа е премногу за мене.“

Крис, кој живее во Англија, досега водел љубов со врвни автомобили: Bentley Arnage, Porsche и Jaguar XK8.

Верува дека причината за неговиот фетиш е и појавувањето на ТВ серијата Knight Rider со Дејвид Хаселхоф и колата што зборува во раните 1980-ти.

Тој деновиве пишува стории за „авто-еротизмот“ на неговиот сајт и составува прирачник под името „Како да водите љубов со автомобил“.

Психолозите тврдат дека оваа негова состојба се должи и поради начинот каде на автомобилите им се придаваат сексуални атрибути во маркетинг кампањите.

 

- Реклама -